Империјализмот и највисокиот стадиум на капитализмот

Macedonian translation of Imperialism and the Highest Stage of Capitalism by Rob Sewell. (December 2004)

Во 1916 год, во екот на Првата светска војна Ленин го напиша марксистичкото ремек-дело насловено со „Империјализмот, највисокиот стадиум на капитализмот“. Тој, користејќи ги методите на марксизмот, ги анализираше современите податоци покажувајќи ја деструкцијата на „слободната конкуренција“ и појавата на монополскиот капитализаам, и со него, и империјализмот. Денес, кога на широко се зборува за глобализацијата како и за агресивниот став на американскиот империјализам на светската сцена, ова истражување на империјализмот е со огромно значење на тие кои сакаат да ги разберат современите случувања.

Во предговорот напишан во април 1917 Ленин се надеваше дека „памфлетот ќе му помогне на читателот да ги разбере фундаменталните економски прашања, тие за економската суштина на империјализмот, бидејќи неговото непроучување значи невозможност да се разбере и процени современата војна и современата политика.“

Империјализмот и колонијализмот постоеја многу пред капитализмот. Империјализмот на Римската Империја, заснована на ропството, е еден од најраните примери. Сепак, денешниот империјализам како највисок стадиум на капитализмот е со квалитативно поинаков карактер.

Новата фаза на капитализмот според Ленин се карактеризира со „енормен раст на индустријата и извонредно брза концентрација на производството на се поголеми претпријатија“. Потоа, „многу значајна одлика на капитализмот во својот највисок стадиум на развој е така наречената комбинација на производството, т.е. групирање во едно претпријатие на различни гранки на индустријата...“ Денес, концентрацијата на производството и сопствениците прерасна во извонредни размери. Гигантските транснационални коорпорации и трустови, како Форд, Крајслер и Мајкрософт чекорат низ светот во потрага по пазари и евтин труд. Индустриите за масовно производство од минатото („фордизам“) се заменуваат со нови техники и методи заа да се максимизираат профитите. Префрлувањето на изворите надвор (outsourcing ) им обезбедува концентрирање на работните активности, додека другите ги снабдуваат со компоненти или услуги на компанијата-родител. Сепак, одделените „сателитските“ компании се фатени за вратот со тесните комерцијални врски. Се воведе лин-производството (lean production) да се прошири системот до крај, да се изврши притисок на сите сектори на производството во нагонот за цедење на последната капка на вишок вредност од трудот на работничката класа. Тоа е менаџментот на „стрес“, вклучувајќи тимска работа и други варијанти на современиот „тејлоризам“.

„Пред пола век, кога Маркс го пишуваше Капиталот, слободната конкуренција им се чинеше за прекубројното мнозинство на економисти за „природен закон“. Официјалната наука, со завера на молк, да ги убие делата на Маркс, кој со теориска и историска анализа на капитализмот докажа дека слободната конкуренција ја зголемува концентрацијата на производството, кое, пак, во одреден стадиум на развитокот, води кон монопол. Денес, монополот постана факт.“

Епоха на конкуренција-убица

За Ленин, бумот на крајот на деветнаесетиот веки кризата во 1900-03 резултираше со квалитативна трансформација на капиталистичката економија. „Картелите станаа основа на целиот економски живот. Капитализмот се трансформираше во империјализам.“

Оваа епоха се карактеризира со убивачка конкуренција каде предаторските монополи се стремат да ги елиминираат ривалите, се обидуваат да ги поткопаат и, на крај, да ги срушат. Оваа борба има повеќе форми: блокада на снабдувањето со суровини, затворање на трговските излези, „џентелменски договори“ помеѓу купувачите, снижување на цените и изнудување на кредит. „Гледаме како монополистите ги задушуваат сите кои не им се покоруваат, на нивниот јарем, на нивниот диктат“ – пишуваше Ленин.

Циклусот на бум и рецесија на капитализмот како и периодичните финансиски скандали и кризи со сопствеништвото исто така го земаат својот данок. „Кризите од секој вид – најчесто економските кризи, но не само тие – значително го зголемуваат стремежот кон концентрација и кон монопол.“

Заедно со концентрирањето на индустријата расте значајот на финансискиот капитал. Банкарските и финансовите куќи, кои на почетокот го подмачкаа развојот на производството, почнаа да се спојуваат со индустријата создавајќи финансиска олигархија во тој процес. Тоа е епоха на државен монопол на финансискиот капитал, каде државата станува цврсто поврзана со банките и трустовите. Државата не е ништо друго неголи извршен одбор на владеачката класа. Во империјалистичкиот стадиум почнува борбата за поделба на светот помеѓу империјалистичките сили и се формираат политички сојузи. „Приватните и државните монополи се исплеткани во епохата на финансискиот капитал... двата се одвоени врски во империјалистичката борба помеѓу монополистите за поделба на светот.“

Друга особина на империјализмот е извозот на капитал, а не само простите стоки, која со тек на време добива поголемо значење. Ленин објасни дека „потребата за извоз на капиталот произлегува од фактот што во неколку земји капитализмот постана `презрел` и (поради назадната состојба во земјоделството и сиромаштијата на масите) капиталот не може да најде поле за `профитабилни` инвестиции“. Тука лежи поттикот за нови пазари и свежо поле за инвестиции во колониите, предизвикувајќи експанзија на светската економија. Во поназадните области, како Русија, каде капитализмот беше накалемен на полуфеудални односи, се направија современи фабрики и железнички и транспортни системи.

Подоцна, посебно по 1945, тоа се промени така што извозот на капитал се концентрираше во поразвиените капиталистички земји. Капиталот не течеше кон помалку развиените земји, туку странските инвестиции се зголемија помеѓу развиените капиталистички сили. Тоа беше една од главните причини за пост-воениот бум. Во Извештајот на Светската Банка од 1985 се појасни дека околу три четвртини од странските директни инвестиции отишле кај индустријализираните земји во просек од 1965. Овој процес се интензивираше во последните 20 години. Факт е дека ММФ и Светската Банка исцедија големи суми на капитал од „Третиот свет“ и ги префрлија во главните капиталистички сили. Во должничката криза во 1980те економиите-должнички не беа способни да создадат доволно извоз да си ги отплатат долговите што резултираше со серија на неизвршување на паричните обврски. Овие кризи ги ставија економиите од тн третиот свет во канџите на диктатите на ММФ за „програми за стриктурни реформи“ (програма за штедење), кои беа извор на стагнација, хиперинфлација и сиромаштија.

Точно наведе Хилфердинг „финансискиот капитал не сака слобода, туку доминација“. Најсилниот империјализам на планетата, американскиот, ја игра таа улога веќе 100 години. Тој сакаше XX век да стане „американски век“ како што XIX век беше „британски“. Империјалистичката надворешна политика на Соединетите Американски Држави, како и во сите капиталистички земји, е диктирана од потребите на олигархијата (воено-индустрискиот комплекс) која владее со Америка. Седумдесет години американската владеачка класа беше очајна прво да го уништи, а потоа да го спречи Советскиот Сојуз по 1945. Национализираната планска економија, и покрај тоталитарниот карактер, беше сметана за смртна закана на капитализмот. Студената војна беше период на интензивно воено и дипломатско ривалство помеѓу двата некомпатибилни општествени системи потхранети со опасноста за заемна нуклеарна анихилација.

Новиот светски поредок

„Новиот светски поредок“ прогласен од Џорџ Буш постриот по 1990 и по колапсот на сталинизмот, не е ништо повеќе од план за светска доминација на САД. Идејата за „мирна поделба“ исчезна по колапсот на Берлинскиот ѕид во најголемата узбуна за вооружување во историјата. САД интервенираше насекаде за да изгради свои сфери на влијание во области кои формално ги контрролираше СССР. Следеа интервенции на Балканот, Кавказ и Средниот Исток, судирајќи се со интересите на Русија, Германија, Франција и други. Планот за „Нов американски век“ не е ништо од стратегија за светска доминација на новата американска „империја“. Се ова се прави во името на „демократијата“ и „војна против теророт“.

Во една просветлувачка статија на Фајненшл тајмс насловена со „Профит-мотивот оди во војна“ авторите сликовито ја објаснија империјалистичката политика на САД. Минатата декада беше сведок на тивка револуција на начинот како САД ја употребува својата моќ надвор. Во Првата заливска војна односот на американски војници спрема платениците беше 50:1. Во 2003 во Ирачката војна односот беше 10:1, колку и при интервенциите на Клинтоновата администрација во Босна и Косово. Како што кажуваат бројките клучните воени функции се префрлуваат на приватни компании; и демократските и републиканските претседатели ги приватизираат критичните аспекти на националната безбедност на САД. Во груби црти колку да се добие подобар увид за овоа поместување, вкупните договори за Халибартон за Ирак до денес се проценети на 11 до 13 милијарди долари, два пати повеќе од трошоците на САД во Првата заливска војна. (17.11.2004, Фајненшл тајмс)

И покрај колосалната моќ на американскиот империјализам кој има поголема воена сила од собрано наредните девет по големина сили, тој има граници. САД беше поразен во Виетнам. Земја со 19 милиони селани, како резултат на побуненичкото расположение во армијата и масовната опозиција дома. Еднаш Троцки рече дека американскиот капитализам има динамит, закопан во своите основи. Секоја авантура надвор испраќа бран на немири низ американскиот народ, посебно кај Црнците, Латиноамериканците и другите малцинства.

Исчезна сонот за вечно-растечкиот мирољубив капитализам. За време на Првата светска војна Карл Кауцки предвиде дека империјализмот ќе ги надвладее своите спротивставености и внатрешно-империјалистичките антагонизми во новата фаза на ултра-империјализам. „Светската војна помеѓу империјалистичките сили може да резултира во федерација на најсилните, кои ќе се откажат од оружената трка“ (Кауцки). Но настаните, а поготово сегашните, го побија.

Наместо епоха на мир и просперитет, човештвото влезе во најбурниот период во историјата. Нова криза ја следи старата криза. Вртлогот на војната во Ирак не е завршен, туку само што започнува бескрајната криза и метеж. Средниот Исток е буре барут. Нема ниту еден стабилен режим во цела Латинска Америка, а посебно во Азија и Африка. Ленин мислеше дека империјализмот значи војна. Дури и во растот по 1945, имаше само 19 дена мир во светот. Ленин објасни дека во минатото релативно „мирољубивиот“ капитализам за стотици милиони од `третиот свет оваа епоха не беше мирољубива, туку ера на угнетување, страдање и хорор, кој беше постравичен и, можно, да се јавува како „ужас без крај“. Оваа епоха со сигурност е помината и на сцена е епоха која е релативно многу повеќе насилна, полна со болка, уништување и судири, епоха која за населението не се јавува како „ужас без крај“ туку како „ужасен крај“.

Да се сруши капитализмот

Само со рушење на светскиот капитализам може да се елиминираат ужасите на војната, на гладот и сиромаштијата. Свеста на работничката класа се менува, на што сме сведоци за револуционерните настани во Латинска Америка. Црвениот крт на револуцијата, да се послужиме со зборовите на Маркс, длабоко рие. Една револуционерна победа ќе ја промени светската ситуација и ќе отвори нови перспективи за масите ширум светот. Безизлезот на империјализмот означува војна, но на ред ја поставува и револуцијата.